Информација во врска со мислењето на Владата, на барање на Уставниот Суд, за иницијативата за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите

Поради нагласен интерес на јавноста во врска со одлуката на Владата на Република Македонија, на Уставниот суд, на негово барање да му достави мислење за прекинување на постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, информираме дека Владата на Република веќе работи на реформите на безбедносниот систем, вклучувајки ја и УБК и на Законот за следење на комуникациите.


Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот.


Во подготовката на овие промени, Владата на РМ се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите.


Затоа Владата, на 31 седница на 10 октомври оваа година, донесе мислење Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, зашто оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка.


Инаку, ова мислење на Владата на РМ е донесено врз основа на барањето на Уставниот суд, владата да даде мислење за оваа иницијатива, и е редовна практика во комуникацијата меѓу Владата на РМ и Уставниот суд на Република Македонија.

Категорија: