Владата на Република Македонија ќе го одбележи празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври“

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски во придружба на министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, во понеделник (23.10.2017), во 10:30 часот, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.