Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 33-та редовна седница

На седницата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, министрите ќе ја разгледаат информацијата за покренување на иницијатива за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје”.

 

Како втора точка на денешениот дневен ред на седницата на владата е и информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.