Изјава на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев дадена на самитот „Македонија 2025“

 

 

„Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество.

 

Но, исто така, транспарентноста е многу важна. Ова го кажувам за прв пат, јас постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција, и како резултат на тоа во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци.

 

Се разбира ова е само истрага, не можеме да откриваме повеќе детали. Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите.“