Владата на Република Македонија ја одржа 35-тата седница: Утврден текстот на Придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија; Инициран процес за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки

 

 

Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница, го разгледа и утврди текстот на Придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија. Текстот се однесува на прашалникот на Европската Унија за утврдување на напредокот на земјата во интеграцискиот процес со ЕУ.

 

На денешната седница владата го отвори процесот за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки со кој се предвидува преиспитување на улогата на Советот за јавни набавки, вклучително и можноста за негово укинување.

 
Категорија: 
Галерија со слики: