Министерство за одбрана

Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:

  • остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија;
  • планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Северна Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
  • организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
  • организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
  • организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

Министер: Радмила Шекеринска

Адреса: Улица „Орце Николов“ бр. 116, Скопје;
Tел: +389 2 328 2042, факс: +389 2 328 3968

Website: www.mod.gov.mk
Facebook: www.facebook.com/DefenceMKD
Twitter: www.twitter.com/Defence_MKD