Министерство за култура

Министерството за култура ги врши работите што се однесуваат на:

  • следењето, анализирањето и предлагањето акти и мерки за развој и унапредување на културата;
  • организацијата, финансирањето и развојот на мрежата на националните установи и финансирањето на програми и проекти од национален интерес во оваа област;
  • заштитата на културното богатство;
  • издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската, галериската, библиотечната, архивската, музејската и кинотечната дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата;
  • заштитата на авторското право и сродните права;
  • споменичкото одбележување на настани и истакнати личности од национален интерес;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши и други работи утврдени со закон.

Министер: Асаф Адеми

Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.61, 1000 Скопје;

Tел: 02/3240-555; 02/3240-500, факс: 02/3226-920

Website: www.kultura.gov.mk
Facebook: www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura