Премиерот Заев со градоначалникот на општина Струмица Јаневски: Да ги искористиме потенцијалите за соработка меѓу локалната и централната власт

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска ја оствари првата посета како премиер на општина Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски го запозна премиерот Заев за практицирањето на локалната власт во првиот месец по локалните избори, како и за функционирањето на општината, општинската администрација, претпријатијата и другите институции што се во надлежност на локалната самоуправа.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека работата на општината во сервисирањето на услугите за граѓаните на Струмица, е поставена на солидни темели и овозможува прогресивен развој во повеќе области од интерес на жителите на општината.

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски изразија задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт и се согласија дека постојат потенцијали за нејзино интензивирање, за обезбедување дополнителни проекти за квалитетен живот за сите граѓани на Струмица.