Премиерот Заев во работна посета на Босна и Херцеговина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска попладне ја започнува својата работна посета на Босна и Херцеговина.

Серијата состаноци на македонската владина делегација предводена од премиерот Заев ќе започне со работна средба со делегацијата на Советот на министри на БиХ. По средбата, ќе следи заедничка изјава на претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев и на претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Во вториот дел од денешната агенда, предвидено е учество на премиерот Заев на пленумската сесија „Кон обновата на левицата во Југоисточна Европа“, во склоп на конференцијата “Состојбата во регионот – Проценка од социјалдемократската перспектива“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.