Министерот Шапуриќ присуствуваше на Конференцијата „Правичен пристап до води и санитација – Национални политики и Локални акциски планови“

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Конференцијата „Правичен пристап до води и санитација – Национални политики и Локални акциски планови“.

Во своето излагање на конференцијата тој помеѓу другото, нагласи дека право на пристап до безбедна и квалитена вода за пиење е едно од основните човекови права и дека без остварување на ова право не може да стане збор за квалитетен живот на нашите граѓани. Во Македонија, над 90% го остваруваат ова право, но сеуште има граѓани кои согласно европските стандарди немаат ваков пристап до вода за пиење, а само 18% од населението се опфатени со систем на одвод на вода.

Овие неповолни состојби не можат да се променат оддеднаш. Министерот нагласи дека во наредниот период Владата и сите државни органи, како и единиците на локалната самоуправа максимално ќе бидат посветени на подобрување на овие состојби. Проектот кој ги презентира детално состојбите со води, дава солидна основа за преземање на натамошни мерки и активности. Надоградување на интегрален систем на управување со води бара мултисекторски пристап и посветеност на сите засегнати страни, но и одговорност на сите нас кон рационалното користење на водните ресурси.