Прес-конференција за предлог Буџет 2018 на Министерство за информатичко општество и администрација

Од 12 часот, во Медиа центарот на Владата на Република Македонија, ќе се одржи петтата од серијата прес–конференции посветени на образложување на Предлог Буџетот за 2018 година. Прес-конференцијата ќе биде посветена на Предлог Буџетот за 2018 година за секторот информатичко општество и администрација, а ќе ја одржи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Календар Влада: 
Среда, Декември 6, 2017 - 12:00 to Четврток, Декември 7, 2017 - 12:45