Премиерот Заев во работна посета на Софија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од вечерва, по завршување на посетата на Брисел, ја почнува работната посета на Софија за Меѓународната конференција на тема World Bank – Bulgarija: Celebrating 25+ years of partnership „Пoсилна регионална интеграција на Балканот“.

Премиерот Заев ќе биде придружуван од владина делегација во состав Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата, задолжен за економски прашања, Драган Тевдовски, министер за финансии и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Вечерва, премиерот Заев ќе присуствува на вечерата, што ја организира премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во чест на премиерите од Западен Балкан, дојдени во Софија.

Меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“ е утре и на неа е предвидено да се разговара за гранични олеснувања во регионот, со цел гранични олеснувања и на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.

На маргините на Конференцијата, денеска, дел од владината делегација во Софија ќе се сретне со претставници на Светска банка на највисоко ниво.

Календар Влада: 
Среда, Декември 6, 2017 - 19:00 to Петок, Декември 8, 2017 - 16:45