Јавна дискусија за потребата од измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за транспарентност во работата и вклучувањето на граѓанското општество и медиумската заедница во процесот на креирање политики, Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност организираат јавна дискусија за потребата од измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Јавната дискусија ќе се одржи на 19 декември 2017 година во кино салата во Клуб на пратеници, со почеток во 10 часот.

Отворањето на дијалог со медиумската заедница и граѓанските организации за прашањето на потребата од евентуални измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е предвидено согласно Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија а со цел да се разменат мислења во однос на актуелното законско решение и неговата имплементација во пракса. Достапноста на информациите од јавен карактер до граѓаните и навременото информирање на јавноста за истите се во насока на транспарентност во работењето на државните институции што претставува еден од клучните принципи на кои се темели работата на Владата.

Календар Влада: 
Вторник, Декември 19, 2017 - 10:00 to Среда, Декември 20, 2017 - 12:45