Потпишување спогодба меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година, за проектите „Програма за водовод и канализација“ и „Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар, фаза II“

Во 10:45 часот во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе има потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година.

Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така ќе бидат потпишани утре.

Со потпишување на спогодбата германската влада преку КфВ банката доделува 9 милиони евра неповратни средства за реализација на две значајни развојни програми за Република Македонија.

Календар Влада: 
Среда, Декември 20, 2017 - 10:45 to 12:30