Повик за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност ги повикуваат граѓаните, граѓанските организации, медиумите, институциите и сите засегнати страни за активен придонес кон подготовката на Предлог измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на cabinet@mjustice.gov.mk.

Рокот за доставување на предлозите е 15.01.2018 година.