Влада на Република Македонија: Исклучените домаќинства од централно градско греење нема да плаќаат паушал

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат.

Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика.

Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација.