44-та седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија денеска, во 17 часот, ќе ја одржи својата редовна 44-та седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните.

На предлог на АД ЕЛЕМ Електрани на Македонија во државна сопственост, како и на Управниот одбор на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, Владата ќе ги разгледа одлуките на овие компании за прифаќање на Барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

На денешната седница на дневен ред е Предлог-програмата за изменување на програмата за инвестиционо одржување на резиденцијалните и репрезентативните објекти и службени простории на органите на државната управа во 2017 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2017 година.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата ќе биде разгледана и Предлог-годишната програма за изменување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко–планска документација и урбанистичко–проектна документација во Република Македонија за 2017 година.

Министерството за здравство предлага Владата на седницата да разгледа неколкуп Предлог–програми, како Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2017 година, Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2017 година, како и Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2017 година.

На денешната седница ќе биде разгледана и Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2017 година.

Календар Влада: 
Петок, Декември 22, 2017 - 17:00 to 19:00