45-та седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 45-та седница, со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде разгледано барањето за субвенционирање на проектите бесплатни викенди за превоз во железничкиот сообраќај, што го предлага Македонски железници Транспорт АД - Скопје.

На предлог на Министерство за правда на дневниот ред на денешната седница ќе се најдат предлог-закони за изменување и дополнување на повеќе законски решенија како што се Законот за судовите, Законот за извршување на санкциите, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривичната постапка, Законот за јавното обвинителство, како и Законот за Народниот правобранител.

Министрите во Владата на РМ на денешната седница ќе го разгледаат и ќе расправаа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција.

Министерството за внатрешни работи за денешната седница, за расправа на дневниот ред ги предлага и Предлог-законот за следење на комуникациите, како и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција.

На оваа 45-та седница на владата ќе биде разгледан и Предлог-закон за изменување и дополнувања на Законот за електронските комуникации, и Предлог-законот за дополнување на Законот за класифицирани информации.

Како предлог на Министерство за труд и социјална политика, на денешната седница ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

Од ова министерство на денешната седница се предлагаат да бидат разгледани и Предлог-законот за изменување на Законот за инспекцијата на труд, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На денешната седница, владата ќе ја разгледа и Предлог-одлуките за усвојување на Годишната програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2018 година и Предлог-одлука за одобрување на Финансиски план за 2018 година на Македонската радио телевизија.

На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, на оваа седница на владата ќе биде презентирана и Информација за потребите за микрочипирање (идентификација) на домашните миленици и нивно регистрирање во информациониот систем на Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Денешната, 45-та седница на Владата на РМ, ќе започне во 14 часот во Салата за седници. Пред почетокот на седницата медиумите ќе имаат можност за фото и видео.

Календар Влада: 
Вторник, Декември 26, 2017 - 14:00 to Среда, Декември 27, 2017 - 16:45