Премиерот Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, со владина делегација, на 24-ти и 26-ти јануари, ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, Швајцарија.

Светскиот економски форум е меѓународна организација којашто на светско ниво работи за воспоставување на модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата. Проектите и програмските иницијативи кои ќе бидат презентирани на 48-иот годишен состанок на Светскиот економски форум се на тема:  „Креирање на заедничка иднина во поделениот свет“. 

Секторот за односи со јавност на Владата на сите медиуми им стои на располагање за дополнителни информации. 

Календар Влада: 
E mërkurë, Janar 24, 2018 - 00:00 to E premte, Janar 26, 2018 - 23:45