Посета на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Република Македонија

Ве информираме дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во среда и во четврток (17 и 18 јануари) ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија. Во рамки на посетата Столтенберг ќе оствари средби со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

Во рамки на посетата, предвидена е и заедничка прес–конференција на Генералниот Секретар, Јенс Столтенберг со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во четврток (18.01), во 16:00 часот во Владата на Република Македонија.


Детална агенда за посетата: http://vlada.mk/node/13964


 

 

Календар Влада: 
Среда, Јануари 17, 2018 (Цел ден) to Четврток, Јануари 18, 2018 (Цел ден)