Во ООН се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни

Владата на Република Македонија е посветена на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба.

По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија.