Седница на Владата на Република Македонија: Финансиска помош за семејството Зулбеари, кое во пожар на семејната куќа ги загуби мајката и четири малолетни деца

Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република Македонија денеска, ја свика 51-та седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош.

Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија.

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе и неколку кадровски решенија.

За В.Д. Директор на Државниот комунален инспекторат беше именувана Елизабета Јованчева.

За Директор на Културниот центар во Истанбул, Владата го именуваше Рамадан Рамадани, досегашен вршител на должноста во истата институција.