Министерот Кралев ги претстави образовните проекти на форумот во Лондон

Министерот за образование и наука Панче Кралев во своето излагање на Светскиот образовен форум во Лондон ги претставил тековните проекти кои Владата и Министерството ги преземаат за развој на македонскиот образовен систем преку користење технологија во секојдневниот процес на учење во високото образование.

Во обраќањето вчера Кралев ги претставил проектите за отворање 188 лаборатории во склоп на универзитетите и јавните институции и креирањето интегрирана научна електронска база на податоци на веб-порталот www.nauka.mk.

- Министерот ги претстави и нашите идни проекти преку кои се надеваме да го помогнеме и поттикнеме развојот на технологијата и иновативноста кај нашите млади. Тој ја нагласи и успешната соработка и вклученост  на Република Македонија во регионални и интернационални програми, меѓу кои се и европските ФП 7, ЕУРЕКА и ТЕМПУС, соопшти Министерството за образование и наука.

Кралев вчера на маргините на форумот имал  средба со министерот за образование на Естонија Јак Авиксо, на која  разговарал за продлабочување на соработката меѓу двете министерства, со акцент на високото образование и науката.