Вечера на премиерот Заев со ТОББ, Анкара, Република Турција

Премиерот Заев, за време на посетата ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата во Турција.

Претседателот на Владата, Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Посетата на премиерот Заев и делегацијата на Анкара, почнува вечерва, со почеток во 20.30 минути по локално време во Анкара (18.30 часот по домашно време), со вечера организирана од ТОББ (TOBB), Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. На вечерата,  премиерот Заев ќе има воведно обраќање, што медиумите ќе имаат можност да го проследат. Пред претставниците на ТОББ ќе се обрати и министерот Ќахил.

Утре се официјалните средби на премиерот Заев со владино-државниот врв.

Официјалниот дочек на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, од страна на претседателот на Владата на Република Турција, Бинали Јилдирим е предвиден за 10.30 часот по локално време во Анкара.

Потоа следуваат тет а тет средба помеѓу двајцата премиери, Заев и Јилдирим и средба на ниво на  делегации од двете земји.

Ќе има и заедничка прес конференција на двајцата премиери, предвидена за 12.15 часот по локално време на Анкара.

Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман и со претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.

За активностите на премиерот Зоран Заев и на делегацијата од Република Македонија, при официјалната посета на Република Турција, ќе следуваат соопштенија за јавност и фото и видео материјали.

Календар Влада: 
Недела, Февруари 11, 2018 - 18:30 to 20:00