Премиерот Заев упати писмо со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по веста за ненадејната смрт на поранешниот потпретседател на Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми, упати писмо со сочувство до неговото семејство.

 Изразувајќи жалење и сочувство, од свое лично и од име на Владата на Република Македонија, премиерот Заев напиша:

 „Неговата ненадејна смрт ја примивме со голема тага.  Почитуваниот Абдулаќим Адеми, како потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање и министер за образование и наука, остави голем придонес во формирањето и развојот на институциите на нашето општество“.

Во писмото, исто така,  Премиерот изрази сочувство и поддршка и до неговите пријатели и соработници.