Посета на премиерот Зоран Заев на Самитот за Западен Балкан во Лондон, Обединетото Кралство

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од висока владина делегација, на 26 фебруари ќе престојува во Лондон, Обединетото Кралство, како учесници на Самитот за Западен Балкан за привлекување на странски инвестиции.

На инвестицискиот Самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и разво (ЕБОР), ќе учествуваат шефовите на владите на сите шест земји на регионот, кои ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред преку 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот.

Календар Влада: 
Понеделник, Февруари 26, 2018 - 00:00 to 23:45