Министерот Кралев во Лондон се сретна со менаџерот на образовниот сектор во Светска банка Робин Хорн

Министерот за образование и наука Панче Кралев вчера на Светскиот образовен форум во Лондон имаше средба со Робин Хорн, менаџер на образовниот сектор за развој во Светската банка.

- На состанокот се разговараше за проектите на кои работи Министерството за образование и наука, како и за начинот на кој Светската банка може да се вклучи во реализација на овие проекти.

На последниот ден од форумот Кралев присуствуваше и на отворање на Саемот за едукативна технологија БЕТТ 2012 година,  кој е водечки настан во светот за образовна технологија и можност да се оценат и набават производи и услуги од широкиот спектар на информатичките технологии.