Премиерот Заев ќе учествува на работниот состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија, Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов (како премиер на земја претседавач со ЕУ) со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на 01.03.2018 година (четврток) ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Покрај премиерот Заев, на состанокот најавено е дека ќе присуствуваат и премиерите на: Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ. Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност. Предвидени се работен состанок и билатерални средби, како и прес конференција за настанот, на претседателот на ЕК, Јункер и бугарскиот премиер, Борисов. По работниот состанок премиерот Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите.

Календар Влада: 
Среда, Февруари 28, 2018 - 00:00 to 23:45