Премиерот Заев се сретна со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, за време на дводневната работна посета на Велика Британија, оствари средба со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.

Премиерот Заев на средбата се заблагодари за долгорочната и континурана поддршка од САД за развојот на демократијата во Република Македонија, како и за поддршката за Евро-Атлантските интеграции.

Претседателот на Владата на РМ истакна дека САД се наш стратешки партнер, и дека асистенцијата на американската администрација спроведувањето на домашните реформи, е од исклучително значење.

Владата е посветена на планот на домашни реформи, градење на едно општество, решавање на проблемите со соседите, како и градење на доброседска политика и развој на регионалната соработка, информираше премиерот Заев.

Во разговорот со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер истакна дека Република Македонија како и досега, останува докажан партнер на САД со своето учество во мисиите на НАТО.

„Наши цели се членство во ЕУ и НАТО, нема друга алтернатива - бидејќи тоа значи стабилност и економски напредок за Република Македонија и за подобрување на стандардот на граѓаните“, рече премиерот Заев на средбата.

В.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер ги поздрави напорите на новата влада за демократски реформи. Тој го поддржа процесот на ЕУ и НАТО интеграции, и истакна дека САД остануваат партнер и поддржувач на Република Македонија.

САД ќе продолжат со поддршката бидејќи таа ги помага одржување на стабилноста и безбедноста, како и отворањето на нови перспективи за напредок. Владата заслужува честитки и за надминување на отворените прашања со соседите. Членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде добро за целиот регион, како и од огромна корист за сите граѓани на РМ, рече меѓу другото в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер на средбата со премиерот Заев во Лондон.