Прес-конференција на портпаролот на Владата на РМ Бошњаковски министерката, Мила Царовска и директорот на СОЗР при Владата на Република Македонија, Пеце Мирчески

Пс-конференција во Владата на Република Македонија. На прес-конференцијата покрај портпаролот Миле Бошњаковски, ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, Пеце Мирчески.

Прес-конференцијатра ќе се одржи на 28.02.2018 со почеток во 11:00 часот, во Mедиа центарот на Владата на Република Македонија.

Портпаролот Бошњаковски ќе информира за одлуките донесени на редовната 56-та седница на Владата на Република Македонија.

Дополнително, министерката Царовска ќе го презентира „Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година”. Додека директорот, Мирчески ќе информира за деталите околу електронското јавно наддавање за продажба на „Мерцедесот“.

Календар Влада: 
Среда, Февруари 28, 2018 - 11:00 to Четврток, Март 1, 2018 - 11:45