Реакција на Владата на Република Македонија до АВМУ: Долгогодишниот молк на АВМУ е исто така причина за штетата на медиумската сфера во Република Македонија

Во врска со реакцијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности (АВМУ) по повод наводите изнесени од министерот Роберт Поповски, на јавната дискусија одржана на 2 март 2018 година, Владата на Република Македонија укажува на фактот дека АВМУ, не може да избегне одговорност за медиумскиот хаос кој се случуваше во Република Македонија во изминативе години.

Како регулаторно тело за медиумите во Македонија, АВМУ е директно одговорна за со години непречениот политички и финансиски диктат врз медиумите, нејасните и нерегулирани односи помеѓу операторите и медиумите, кршење на авторски права, итн.

Агенцијата залудно се обидува да се скрие зад нафрлени бројки и статистики кои не дале никаков ефект за спречување на таквото безредие во медиумската сфера во земјава.

Медиумското безредие беше константно премолчувано од надлежните институции, меѓу кои првоповикана да стави ред е АВМУ, и поради тоа, согласно постигнатиот договор во Пржино, се формираше ад-хок тело за медиуми.

Оттаму произлезе и потребата за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој во себе ќе ги содржи забелешките и укажувањата на професионалците од медиумската фела, со цел експерти и познавачи на медиумските состојби во државава да ги водат органите и телата на медиумските регулатори.