ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија

Институција која огласува: 
Министерство за економија
Рок на пријавување: 
31.12.2018

Предмет на јавниот повик е субвенционирање а микро, мали и средни претпријатија основани од државјани на Република Македонија, кои вработуваат над 3 (три) лица преку субвенционирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000,00 денари, направени за следните намени:

  • Набавка на опрема и алати,
  • Дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на  производот / услугата - веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал (70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари),
  • Учество на домашни саеми во текот на 2017 (70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари).

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II, A. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 2 - Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2018), предвидени се средства со вкупен износ од 20.000.000,00 денари.

Кофинансирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2016, 2017 и 2018 година, освен за алинеја 3 од точка 1.

Изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот „Прв дојден - Прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликациите, до исцрпување на расположливите средства.

По исцрпување на расположливите средства, Министерството за економија ќе објави известување.

За останатите подробности од јавниот повик и како да аплицирате на повикот, ве молиме да ги разгледате пропратните документи или да го посетите следниот линк.