Оглас за именување државен правобранител на Република Македонија

Institucion: 
Влада на Република Македонија
Рок на пријавување: 
02.04.2018

Врз основа на член 19 и член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 13 март 2018 година, донесе

 

О Д Л У К А

за распишување Оглас за именување државен правобранител
на Република Македонија

1. Се огласува именување на државен правобранител на Република Македонија.

2. За државен правобранител на Република Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и

- да ужива углед за вршење на функцијата.

3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Македонија,  или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител на Република Македонија“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха “.

4. Оваа одлука ќе се објави во: „Службен весник на Република Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха “.

Пропратни документи: