Упатство за користење на Алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции

Назад кон Алатката

 

Упатство за користење:

ФИЛТРИ

Година - одберете ja годината/годините за која би сакале да ви се прикажат податоци. При прво вклучување, автоматски се вклучени и 2014 и 2017 година.

Месец - одберете за кој месец/и би сакале да ви се прикажат податоци. При прво вклучување, автоматски се одбрани Јуни, Јули, Август, Септември, Октомври и Ноември, односно сите месеци за кои има податоци во моментов.

Институција - одберете за која, односно кои институции би сакале да ви се прикажат податоци. При прво вклучување, вклучени се сите. Со кликање на повеќе институции, можете да одберете да ви се прикажуваат податоци за две или повеќе институции истовремено, доколку сакате направите споредба на неколку институции.

*Напомена: Претседателот на Владата, Замениците на претседателот на Владата, Генералниот секретар и министрите без ресор може да ги најдете под „Влада на Република Македонија“.

Функционер - пребарување по име на функционер. Ова поле автоматски се освежува кога ќе направите селекција во полињата со редни броеви 1, 2 и 3. Пример: Доколку сакате да го лоцирате полето за премиерот Зоран Заев, можете да одберете „2017 година“ и „Влада на Република Македонија“, полето „Функционер“ ќе се освежи и ќе можете веднаш да го најдете. Можете да ги менувате страните, со притискање на стрелките лево и десно од полето.

*Напомена: Во ова поле можете на направите и селекција од повеќе функционери, така што ќе притиснете на повеќе имиња на функционери. Софтверот ќе се освежи и ќе ви ги прикаже податоците само за одбраните носители на јавни функции.

Тип на трошок - листа со сите типови на трошок. При прво вклучување, автоматски се вклучени сите типови трошоци, вкупно 16. Со притискање на копчињата можете да изберете да ги филтрирате податоците по еден, два или повеќе типови на трошоци. Со притискање на копчето „Select All“ можете да ги прикажете сите типови трошоци.

РЕЗУЛТАТИ - Dashboard

Трошоци по институција - на овој графикон се прикажуваат сите институции со сумарни трошоци, подредени од најголем до најмал трошок. Ова поле автоматски се ажурира при промена на некој од филтрите во полињата означени со 1 до 5. Доколку сакате да ја видите точната бројка за одредена сума, истото можете да го направите со застанување на покажувачот над еден столб. Додека сте тука, можете да кликнете на еден столб и со тоа ќе ги филтрирате сите податоци за таа институција, за дадената година. Со повторен клик на одбраниот столб, го бришете филтрирањето.
Трошоци по функционер - се прикажуваат сите носители на јавни функции за кои има податоци, подредени од најголем трошок до најмал. Исто како и на претходното поле, ова поле автоматски се ажурира при филтрирање на податоците и можете да кликнете на било кој од функционерите за да можете да ги филтрирате останатите податоци по тој функционер.

Прегледите „Вкупнот трошоци по месец“, „Вкупно трошоци по година“ и „Вкупно трошоци по тип на трошок“ ви служат за визуелно споредување по месец, по година и по тип на трошок на два или повеќе функционери или институции. Со застанување на глувчето над било кој податок, ја добивате точната сума. За да филтрирате, кликнете на било кој податок. За да го откажете филтрирањето, кликнете на истиот податок. Овие прегледи автоматски се ажурираат доколку селектирате филтер во било кој друг преглед.

Наративен извештај - тука се прикажуваат сите наративни извештаи поделени по институција, носител на функција, година и месец. Овој преглед автоматски се ажурира при селекција на филтер од друг преглед. За полесно читање на наративните извештаи, можете да притиснете на копчето „Focus mode“, кое се наоѓа во горниот десен ќош на прегледот. За да излезете од „Focus mode“, притиснете го копчето „Back to report“ кое се наоѓа во горниот лев ќош на прегледот.

Доколку сакате да ги видите точните податоци за било кој преглед, истото можете да го сторите со десен клик на глувчето над било кој столб или податок и потоа клик на „Show Data“.

Примери:
- Доколку сакате да го видите трошокот „Такси превоз“ на премиерот Заев, најпрвo одбирате „2017“ година, ги одбирате сите месеци, одбирате „Влада на Република Македонија“, го одбирате „Зоран Заев“ во делот функционер и го одбирате типот на трошок „Такси превоз“. Сега, сите останати прегледи се филтрирани и го прикажуваат само овој трошок. Со застанување на покажувачот над било кој од прикажаните столбови, ќе ја видите точната сума.

 

MK