На 25 март започнува летното сметање на времето

 

На 60-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 20.03.2018 година, Владата ја донесе Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година.

Според одлуката, летното сметање на времето во 2018 година започнува на 25 март во 02h 00min 00s така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00min 00s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.

Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.