Словенечкиот премиер д-р Миро Церар, со владина делегација во дводневна официјална посета на Република Македонија

Делегација на Владата на Република Словенија, предводена од премиерот д-р Миро Церар, утре и задутре (3-4 април) ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Официјалната церемонија за добредојде на словенечката делегација, ќе се одржи утре (вторник) на платото пред Владата во 16:00 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација.

По средбите, претседателите на Владите на Република Македонија и на Република Словенија ќе одржат заедничка прес-конференција во 17:15 часот во Медиа центарот на Владата на Република Македонија.

Истовремено, Ве известуваме дека Премиерот на Република Словенија, на вториот ден од посетата на Македонија, во среда (4 април) со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис-Конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија со почеток во 10:00 часот.

Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе оствари средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери.

Календар Влада: 
E martë, Prill 3, 2018 - 00:00 to E mërkurë, Prill 4, 2018 - 23:45