Премиерот Заев во работна посета на Штип: Презентирани мерките од Оперативниот план за вработувања

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска е во работна посета на Штип.

Придружуван од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, премиерот Заев утрово разговараше со работничките и работниците од конфекциската индустрија за мерките на Владата од Оперативниот план и за политиките за вработувања.

За реализација на мерките од Оперативниот План за вработување за оваа година Владата издвои над 1 милијарда денари или околу 17 милиони евра.

Во рамки на оваа посета премиерот Заев и министерката Царовска остварија работна средба со работодавачи, претставници на бизнис секторот од штипскиот регион.