Јавен конкурс за избор на претседател и шест члена на Инспекциски совет

Институција која огласува: 
Влада на Република Македонија
Рок на пријавување: 
16.04.2018

Врз основа на член 16 став 9 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РМ“ бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011, 147/2013, 41/2014, 33/2015, 193/2015, 53/2016 и 11/2018), Владата на Република Македонија објавува

 

Ј  А  В  Е  Н   К О Н К У Р С

за избор на претседател и шест члена на Инспекциски совет

 

1) Владата на Република Македонија избира претседател и шест члена на Инспекциски совет, кои функцијата ќе ја извршуваат професионално.

2) Членовите на инспекцискиот совет се избираат во следниве области:

- еден член од областа на надзорот на пазарот, работните односи и безбедноста и здравјето при работа,

- еден член на инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштитата на здравјето на луѓето,

- еден член на инспекцискиот совет од областа на градежништвото, урбанизмот и транспортот,

- еден член на инспекцискиот совет од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството и безбедноста на храната,

- еден член на инспекцискиот совет од областа на образованието, науката и културата и

- еден член на инспекцискиот совет од областа на управата.

3) За претседател на Инспекцискиот совет се избира лице кое:

- е државјанин на Република Македонија што се докажува со доказ за државјанство,

- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение,

- има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган,

- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик, не постар од пет години: ТОЕФЛ ИБТ (TOEFL iBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)-најмалку Б2 (B2) и

- користи компјутерски програми за канцелариско работење.

4) За член на Инспекцискиот совет се избира лице кое:

- е државјанин на Република Македонија што се докажува со доказ за државјанство,

- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку пет години работен стаж по дипломирањето во соодветната област за која се именува, што се докажува со уверение и потврда за работен стаж во соодветната област, издадена од надлежен орган,

- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик, не постар од пет години: ТОЕФЛ ИБТ (TOEFL iBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) - најмалку Б2 (B2) и - користи компјутерски програми за канцелариско работење.

5) Претседателот и членовите на Инспекцискиот совет не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија или Владата на Република Македонија.

6) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

- кратка биографија;

- уверение за државјанство;

- диплома за завршено високо образование, стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение и доказ дека има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган  -  за претседател;

- диплома за завршено високо образование стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку пет години работен стаж по дипломирањето во соодветната област за која се именува, што се докажува со уверение и потврда за работен стаж во соодветната област, издадена од надлежен орган - за член.

7) Одредбите од точка 3 алинеја 4 и точка 4 алинеја 3 ќе започнат да се применуваат од 1 септември 2018 година. Претседателот и членовите на Инспекциски совет кои се избрани во периодот од денот на влегувањето во сила на измената на Законот („Службен весник на РМ бр. 11/2018“) од 18 јануари до 1 септември 2018 година, се должни да го исполнат условот за познавање на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на нивниот избор. На претседателот и членовите кои нема да го исполнат условот за познавање на странски јазик во утврдениот рок им престанува мандатот.

8) Документите од точка 3 и точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија ул.„Илинденска“ бр. 2 1000 Скопје со назнака: „За јавен конкурс за избор на претседател и членови на Инспекциски совет“.

9) Коефициент за пресметување плата: 3,9 согласно член 16 став 15 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РМ“ бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011, 147/2013, 41/2014, 33/2015, 193/2015, 53/2016 и 11/2018).

10) Работното време изнесува 40 (четириесет) часа неделно, односно 8 (часа) дневно во текот на работната недела, од 8:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок-полно работно време.

11) Рок за пријавување е (5) пет работни дена сметано од денот на објавување на јавниот конкурс  во дневните весници, а заклучно со 16.4.2018 година.

12) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.