Заедничка прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини

Во текот на утрешниот ден (18.04.2018) во официјална посета на Република Македонија пристигнува Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини.

Во рамките на официјалната посета на нашата земја, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателката на Европската комисија, Федерика Могерини ќе оствари средба со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во Владата на Република Македонија.

По завршување на средбата, во 16:30 часот во холот пред Медиа Центарот во Владата на РМ, ќе се одржи заедничка прес-конференција на која што ќе се обратат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Календар Влада: 
Среда, Април 18, 2018 - 16:30 to 17:30