Посета на премиерот Заев на Фондот за иновации и технолошки развој

Премиерот Зоран Заев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој во петок, 20.04.2018, ќе се сретнат со ученици иноватори и нивните ментори кои ќе ја претставуваат Македонија на натпреварување во САД.

По средбата во 11:00 часот, во канцеларијата на Фондот за иновации и технолошки развој (ул. Димитрија Чуповски бр. 9, кај Рекорд) изјави за медиуми ќе дадат Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, менторот и професор на учениците, Гордан Анастасов и ученикот Горјан Илиевски.

Календар Влада: 
Петок, Април 20, 2018 - 11:00 to Сабота, Април 21, 2018 - 11:45