Одржана третата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија ја одржа својата трета седница.

По усвојувањето на записникот од претходната, втора седница, Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, денеска, продолжи со разгледување на предложените измени на Законот за судови, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, ги информираше членовите на Советот дека одредени решенија, понудени од Министерството за правда, не се прифатливи за опозицијата и додаде дека на седница на Собранието на РМ, закажана за втори мај, очекува измените на Законот за судови и Законот за судски совет да се најдат на дневен ред.

Советот за следење на имплементација на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор ги разгледаа предложените измени на Законот за судови, а пред сѐ понудените решенија на основите на дисциплинска одговорност и дисциплински мерки за судиите.

На седницата беа разгледувани и одредени предлози и решенија за Законот за судски совет и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.