Царинската управа на Република Македонија, го одбележа 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост, преку активности - дел од кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“

Царинската управа на Република Македонија, го одбележа 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост, преку активности - дел од кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“.

Кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“ започна да се спроведува на 5 април 2018 година, како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа. Кампањата стартуваше во трговскиот центар Сити Мол каде беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати, а по повод 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост, со штетните последици кои може да ги предизвикаат фалсификатите се запознаа и учениците од СУГС ,, Јосип Броз Тито" од Скопје.

Имено, вчера (26.04.2018 година) во просториите на училиштето изложени беа примероци од запленети фалсификувани производи, а на учениците им се делеа информативни брошури и истите во разговор со царинските службеници имаа можност покрај информации за опасноста од употребата на фалсификати, да се информираат и за се што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите и за тоа како најлесно може да ги препознаат фалсификуваните производи.

Оваа кампања е фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие преставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.