Прес-конференција на премиерот Заев и претставници на Економско-социјалниот совет

Економскиот социјален совет (ЕСС), како трипартитно тело, формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог и создавање на услови за економска и социјална стабилност, утре (вторник, 1 мај) ќе одржи свечена седница во Владата на Република Македонија. На седницата ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија Зоран Заев и членовите на ЕСС, односно претставници на Синдикатите, работодавците и ресорните министерства.

Ве информираме дека во рамки на одржување на свечена седница на Економскиот социјален совет (ЕСС) за време на паузата, во 12:20 часот во холот на Владата на РМ ќе се одржи прес-конференција на којашто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министрите Мила Царовска, Драган Тевдовски и други претставници на ЕСС.

Го покануваме вашиот медиум да ја проследи прес-конференцијата. Дополнително, претставниците на медиумите ќе имаат можност за фотографирање и видео инсерти од седницата во 12:15 часот.

Календар Влада: 
E martë, Maj 1, 2018 - 12:15 to 13:30