Потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Женевскиот Центар за Демократска Контрола на Вооружените Сили (ДКАФ)

Среда, 2 мај, во 18:00 часот, во Медиа центарот на Владата на Република Македонија ќе се одржи потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Женевскиот Центар за Демократска Контрола на Вооружените Сили (ДКАФ), за имплементација на Програмата за реформа на Секторот на разузнавачките служби на Република Македонија за периодот 2017-2020.

Со Меморандумот за разбирање се воспоставува рамка за стратешка соработка меѓу Владата на РМ и ДКАФ за остварување на добро управување во безбедносниот сектор на Република Македонија.

Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на ДКАФ, амбасадорот Томас Гурбер, по што ќе следува прес-конференција во 18:25 часот.

Календар Влада: 
Среда, Мај 2, 2018 - 18:00 to Четврток, Мај 3, 2018 - 18:45