Прес-конференција на министерот Роберт Поповски и портпаролите Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа
Прес-конференција на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, и на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.
Министерот Поповски ќе се обрати по повод 3 мај - Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Потоа, портпаролите ќе информираат за одлуките донесени на редовната 66-та седница на Владата на Република Македонија.
Прес-конференцијата ќе се одржи во четврток, 03.05.2018 со почеток во 11:00 часот, во Mедиа центарот на Владата на Република Македонија.