Владина делегација ќе оддаде почит по повод 115. годишнината од смртта на македонскиот национален херој Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 115. годишнината од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев,  делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот  Зоран Заев утре, 4 мај, во 10:00 часот ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Владината делегација ќе ја сочинуваат заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот  за култура Роберт Алаѓозовски.

Календар Влада: 
Friday, May 4, 2018 - 10:00 to Saturday, May 5, 2018 - 10:45