Премиерот Заев ќе ја посети општина Дојран и ќе има обраќање на 27-миот меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“ во Валандово

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во сабота, 05.05.2018 година, ќе ја посети општина Дојран каде што ќе се вклучи и во акцијата за уредување, во организација на ЗЕЛС.

Потоа, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе има свое обраќање и на 27-миот Меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“  што се одржува во селото Чалакли, општина Валандово.

  • Во 10:30 часот, претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе се сретне со градоначаликот на општина Дојран, Анго Ангов (простории на општината) по што заеднички ќе се вклучат во акцијата за уредување и чистење што по иницијатива на ЗЕЛС се спроведува и во Дојран.
    Во 11.30 часот, предвидени се изјави за медиумите на претседателот на Владата, Зоран Заев, и градоначлничкот на Дојран, Анго Ангов (локација: летна сцена-амфитеатар, Дојран).
    Во 12:00 часот, претседателот на Владата ќе присуствува и ќе има свое обраќање на Меѓународниот фестивал Пролетни веселби  „Хид Бах Шен Фест“ (с. Чалакли, Валандово).
Календар Влада: 
Сабота, Мај 5, 2018 - 10:30 to Недела, Мај 6, 2018 - 11:45