Состанок на министрите за здравство на ЈИ Европа и свечено отворање на 39. состанок на одбор на Глобален Фонд

Утре во 11:00 часот, во хотелот Александар Палас отворање на состанок на министрите за здравство на Југоисточна Европа. На него покрај министри, ќе учествуваат и заменици министри за здравство и државни секретари во ресорните министерства од Бугарија, Романија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово, Албанија и Србија.

Состанокот ќе го отворат министерот за здравство, д-р Венко Филипче и извршниот директор на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза, Питер Сендс.

Вечерта во Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе ја отвори свечената церемонија на 39-тиот состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија.

Половина час пред настанот, односно од 19:30 до 20:00 часот, директорот за комуникации при Глобален Фонд, Сет Фејсон, ќе одржи прес – конференција за претставниците на медиумите.

Календар Влада: 
Понеделник, Мај 7, 2018 (Цел ден)