Потпишување Меморандум за соработка за воспоставување на јавно приватен дијалог помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори

Ссреда, 9-ти мај, во Владата на Република Македонија ќе биде потпишан Меморандум за соработка за воспоставување на јавно приватен дијалог на Владата на Република Македонија со четирите стопански комори, партнери на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Настанот ќе започне во 14:00 часот во Свечена Сала во Владата на Република Македонија.

Bоведни обраќања ќе имаат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски.

Во вториот дел од настанот ќе бидат презентирани наодите од двете истражувања на проектот на тема „Проценка на бизнис средината во Македонија“ и дебата помеѓу присутните.

Календар Влада: 
Среда, Мај 9, 2018 - 14:00 to 16:00