Потпишување договор помеѓу министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на Фондот за население на ОН, г-ѓа Доина Болога

Четврток, 10-ти мај, во 12:30 часот во Медиа центарот на Владата на Република Македонија ќе биде потпишан договор за заеднички придонес во спроведување на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Република Македонија.

Со договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата на Република Македонија, додека другата половина Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за нашата држава за периодот 2016-2020 година, како и co едно од приоритетните национални прашања.

Договорот ќе го потпишат министерот за здравство д-р Венко Филипче и директорката на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Република Македонија, г-ѓа Доина Болога.

Потоа, изјава за медиумите ќе дадат министерот Филипче, како и заменик-регионалниот директор на УНФПА, г-дин Иан Мекфарлан. 

Календар Влада: 
Четврток, Мај 10, 2018 - 12:30 to 13:30